За нас

Накратко

За нас

Регент Клуб Ве поканува заедно да ги креираме Вашите уникатни настани, давајќи Ви Вам и Вашите гости неповторливи моменти.

Регент Клуб

Совршен простор со разбирање на Вашите желби и потреби, кој Ви овозможува на уникатен начин да ги организирате Вашите свечености. Без разлика дали организирате семинар, деловни состаноци или лични свечености, Регент Клуб обезбедува беспрекорна поддршка пред и за време на Вашиот настан, остварувајќи ги само Вашите неповторливи искуства.

Просторот кој е обезбеден за посебни свечености е опкружен со природа која воодушевува и поседува капацитет до 300 гости, осигурувајќи совршена акомодација во текот на Вашиот настан. Регент Клуб овозможува елегантен амбиент со сопствен паркинг простор, професионален кетеринг сервис и уникатен простор. Нашиот посветен и професионален тим е секогаш тука во текот на Вашето планирање и остварување на секоја Ваша свеченост. Регент Клуб се грижи за Вашите најценети моменти, правејќи ги токму онака како што Вие посакувате.